spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПотврденото трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за иднината на...

Потврденото трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за иднината на сојузот и за безбедноста на сите земји членки на Алијансата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно  на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на овој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина.

Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни.

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....