spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се расчистува уште депонија кај Рашче

Град Скопје: Се расчистува уште депонија кај Рашче

Градот Скопје  ја расчистува големата дива депонија на влезот во село Рашче.

Од ова сметиште ќе бидат подигнати над 2.000 кубни метри отпад.

– Нашата цел е да спречиме повторно создавање на депонијата и да спречиме палење и загадување на амбиентниот воздух. Градот Скопје изминатиов период интензивно работи на расчистување на повеќедецениски диви депонии. Ја расчистивме депонијата во Кисела Вода, во Мичурин, во Визбегово и во дел од Вардариште кои полека прераснуваат во убави паркови и во места каде што скопјани може да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на акцијата за расчистување на дивата депонија во Рашче.

Акцијата за расчистување на оваа дива депонија Градот Скопје ја спроведува во соработка со Општина Сарај, јавните градски претпријатија и со механизација од локалната бизнис заедница.

– Сакам да се заблагодарам на јавните претпријатија, на Општина Сарај и на економските субјекти од Сарај кои излегоа во пресрет на оваа акција за да придонесеме за подобра и поздрава животна средина во Скопје – додаде Шилегов.

Тој најави дека веднаш по расчистувањето на оваа локација Градот Скопје и Општина Сарај ќе имаат засилен инспекциски надзор за да се спречи повторно создавање на депонијата и да се казнат оние  што фрлаат отпад и создаваат вакви сметишта.

На акцијата за расчистување на дивата депонија во Рашче присуствуваше и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...