26 редовна седница на Советот

СиндикатиСОНК26 редовна седница на Советот

Најчитано

Највисокиот орган на СОНК, Советот на СОНК во проширен состав, на својата редовна 26-та седница, која се одржа на 16.06.2021 година, по извршените детални анализи, донесе Одлуки за распишување на редовни избори во СОНК на сите нивоа.

 

Имено, водејќи сметка во услови на пандемија, која недозволуваше да се одржат редовните изборни активности во 2021 година, Советот на СОНК имаше донесено Одлука за пролонгирање на изборите во СОНК на сите нивоа, донесена на 23-та редовна седница, која се одржа на 04.09.2020 година. Ценејќи ги сегашните услови кога пандемијата е во опаѓање, Советот на вчерашната седница оцени дека Одлуката за пролонгирање на изборите на сите нивоа, треба да се стави вон сила , со што се создаваат можности за распишување на редовни избори во СОНК.

 

Согласно Статутот на СОНК, Советот едногласно ги донесе следниве Одлуки:

 

-Одлука за одржување на VII-от редовен Конгрес на СОНК, кој ќе се одржи во месец октомври 2021 година;

 

-Одлука за датум и место на одржување на VII-от редовен Конгрес на СОНК, за кој Советот одлучи истиот да се одржи на ден 16.10.2021 во Скопје;

 

-Одлука за распишување на избори во синдикалните организации и региналните одбори на СОНК, кои активности во синдикалните организации треба да започнат на 18.10.2021 година, а да завршат најдоцна до 01.12.2021 година. Активностите во регионалните одбори да започнат на 01.12.2021 година, а да завршат најдоцна до 20.12.2021 година и

 

-Предлог дневен ред за работата на VII-от редовен Конгрес на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК.

 

Советот оцени дека за одржување на состаноците во синдикалните организации и регионалните одбори, потребен е краток Извештај за работата на СОНК, за мандатен период од декември 2015 до јуни 2021 година, којшто ќе им биде од помош на претседателите за реализација на состаноците. На овие состаноци, кои треба да се одржат во наредниов период, освен Извештајот, пред членството треба да се презентираат и донесените Одлуки од страна на Советот на СОНК.

Извор: СОНК

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе