spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Извршена прва теристичка дезинсекција

Гевгелија: Извршена прва теристичка дезинсекција

На подрачјето на општина Гевгелија, вчера, во ноќните часови, беше извршено првото прскање по земјен пат против возрасни комарци.  Скопската фирма „Зотокс“, избрана на тендер со најповолна понуда за годинашното третирање против комарци во рамките на Југоисточниот плански регион, ја спроведе првата теристичка, аеросолна дезинсекција со УЛВ метода за заштита од комарци, скоро на јавна површина од 10 хектари.  Третирањето се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило. Во истиот термин, првото прскање по земјен пат против возрасни комарци беше извршено и на подрачјата на општините Богданци, Валандово и Дојран.
Согласно набавката, следат уште две адултни третирања против комарци на подрачјата на десетте општини. За реализацијата на наредните третирања, граѓаните ќе бидат навремено известени, со цел сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите кога ќе се реализираат прскањата.
Во рамките на годинашното третирање против комарци, на 20 април и 17 мај, 2021 година, во Гевгелија се реализираа и две ларвицидни третирања со расфрлање гранулати на места- жаришта утврдени од надлежните општински служби, на кои се сметаше дека постои присуство на ларви од комарци, односно покрај речното корито на реката Вардар, водотеци и стојни води.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...