Велес: Акција за Чистење

ОпштиниВелес: Акција за Чистење

Најчитано

Стотина граѓани меѓу кои преставници на еколошки здруженија, членови на ЗГ „Акцијаш “, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на советот на Општина Велес,  учествуваа во акцијата за чистење што ја организираше Општина Велес, во рамки на одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни.

Во акцијата учествуваше и градоначалникот Аце Коцевски и вработени во општинската администрација.

Се чистеше крајбрежјето на реката Вардар, од левата страна на градот,  на потегот од  Стар мост до поранешниот хотел „Вила Зора“.

Во акцијата беа собрани пет метри кубни отпад.Општина Велес и во иднина ќе продолжи да организира и да реализира слични вакви еколошки акции во насока на обезбедување на чиста и здрава животна средина.

Извор: Општина Велес 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе