СДСМ прво ги ограби граѓаните, покачи цена на струја, бензини и трошоци за живот, а сега ќе дели ваучери за патување

Политички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ прво ги ограби граѓаните, покачи цена на струја, бензини и трошоци...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Власта на Заев со лопата го краде буџетот, а потоа со лажичка ги манипулира граѓаните. Откако го осиромашија народот со покачување на цената на струјата минатата година и новата најава за ново покачување, откако најавија нова такса со која трајно ќе го покачат горивото за 4,13 денари по литар, сега бесрамно нудат ваучери за летување.

Патем, ваквата мерка минатата година не успеаја сите граѓани да ја искористат, затоа што се дават во сиромаштија и не можат да си дозволат ниту обичен одмор.

Поради неспособноста на власта на Заев, околу 600.000 лица живеат во сиромаштија, со едвај 2 евра дневно, 60.000 станаа нови невработени,  а над 6.000 бизниси кои се најчесто семејни ставија клуч за само една година.

Дополнително, власта на Заев се луксузираше со народниот буџет и создаде нов долг од 2,4 милијарди евра, а притоа ништо не изгради, ниту пак го помогна стопанството и индустријата.

Затоа ваквите мерки за ваучери им се гол популизам со кој на краток рок купуваат социјален мир наместо да ги поддржат стопанството и индустријата, како главен двигател на економијата и стандардот на граѓаните.

СДСМ направи граѓани од прв и втор ред, свитата околу Заев се луксузира, додека граѓаните кои ги стави во втор ред и натаму ќе немаат пари за храна ниту да си ги платат сметки, а СДСМ се обидува да ги залаже со минимални ваучери кои нема да им решат ниту еден проблем.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img