Министерството за информатичко општество и администрација најавува дека започнува развој на нови и унифицирани веб-страници за сите министерства и Владата.
Со развојот на овие веб-страници доаѓа нов, подобар и централизиран систем.
Новите веб-страници ќе бидат надградени и интегрирани едни со други.
Со овој проект и даваме значење на нашата цел, да ги унифицираме сите веб-страници на министерствата и Владата. Како резултат, овие страници ќе бидат попрактични, а пристапот до информации ќе биде полесен.
Овој проект ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација