spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАМС: Директорот Мојсовски ги прими Дрита Ислами и Лина Ѓорческа

АМС: Директорот Мојсовски ги прими Дрита Ислами и Лина Ѓорческа

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше прием на двете врвни спортистки Дрита Ислами и Лина Ѓорческа. Во таа пригода изјави: „Со големо задоволство денес се сретнав со двете наши врвни спортиски Дрита и Лина. Дрита е врвна атлетичарка која го постави новиот државен рекорд во дисциплина 400 метри со пречки“.

Дрита Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство во Лимасол ја истрча патеката со време од 57.53 секунди што претставува нов Mакедонски рекорд и го освои првото место со кои не направи гордi сите нас со нејзиниот успех.

Лина Ѓорческа е нашата најдобра македонска тенисерка која ја очекува светла иднина. Нејзината посветеност на тенисот, која активно трае веќе 20 години, ја има однесено на сите 4 Гренд слем турнири во светот. Агенцијата за млади и спорт продолжува да ги подршува младите спортиски и активно да го развиваме индивидуалниот спорт.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...