spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОхридскиот договор ја трансформираше Северна Македонија и стана ѕвезда водилка кон иднината

Охридскиот договор ја трансформираше Северна Македонија и стана ѕвезда водилка кон иднината

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на „Prespa Forum Dialog“ организиран по повод манифестациите во чест на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор.

 

Во оваа пригода, Груби рече дека Охридскиот Рамковен Договор одигра многу важна улога во трансформацијата на Република Северна Македонија, што ја направи функционална мултиетничка демократија и ја претвори во клучен фактор за стабилноста на целиот Балкан.

Првиот вицепремиер Груби пред присутните исто така рече дека улогата на меѓународната заедница во олеснувањето и спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор беше голема и многу потребна и дека без помошта на европските партнери и aмериканските пријатели, земјата тешко ќе чекореше напред.

Груби ги покани лидерите на соседните земји но и пошироко да го користат овој уникатен договор со цел надминување и решавање на отворените домашни или регионални проблеми.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот говор на првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби:

„Дами и господа, драги пријатели на Република Северна Македонија, Почитуван г-дин Ричард Ле Рој, поздрав и добредојдовте во Северна Македонија, Почитуван амбасадор, добредојдовте повторно во Вашиот омилениот град, Почитуван Едвард, задоволство е што се сте повторно со нас.

Кога мојата земја аплицираше за членство во Европската Унија во 2004 година, нашиот драг пријател Хавиер Солана претстави широко прифатена максима во нашиот дискурс и во нашиот однос со Европската Унија, наведувајќи дека „Патот до Брисел минува низ Охрид“.

Навистина така и се случи.

Се сеќавам на насмеаното лице на Ерван, со неговото бело палто и шарениот шал, неколку дена по стапувањето на должност, носејќи шише Шампањ со цел да прославиме, и тоа на крајот на декември 2005 година кога нашата земја го доби статусот кандидат за членство во ЕУ, токму како резултат на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
Рано утрово, еден телефонски повик од г-дин Ахмети, кој денес е тука со нас, го смени говорот што имав намера да го одржам.

Пред точно 37 години, на овој ден, тој беше принуден да замине и да побара азил во Швајцарија и да не го види своето семејство повеќе од една деценија.

Откако како студент двапати беше уапсен од југословенската тајна служба по демонстрациите во 1981 година, тој успеа да се спаси од третиот обид за апсење и побегна во Швајцарија од каде ја продолжи борбата за демократија и слобода.

Од избувнувањето на војната во Словенија, Хрватска, Босна, Косово, Северна Македонија и Србија, стотици илјади луѓе загинаа, а милиони се раселија.

Кога ќе се потсетиме на сето она низ што сме поминале сите во последните три децении и каде сме денес, се прашувам себеси, ЗОШТО?

Зошто да го идентификувате интересот на вашата нација на штета на друга нација?

Национализмот, драги мои пријатели, заслепе некои од нас и донесе уништување предизвикувајќи да изгубиме две децении од нашиот живот.

За да се бориме против тоа масовно слепило, беа потребни храбри мажи и жени да се кренат на нозе и да кажат ДОСТА Е.

И на тие мажи и жени им требаше поддршка од слободниот свет за да се постигне мир.

Такви мажи и жени беа оние кои го потпишаа Охридскиот мировен договор пред 20 години и Преспанскиот договор пред две години.

Потребна е поголема смелост да се стави крај на недоразбирањата отколку да се создадат нови проблеми.

„Благословени се миротворците”.

Затоа, би сакал да се зголеми важноста на еднаквоста и верноста.

Еднаквоста е услов да се биде рамноправен во едно општество, особено во статусот, правата или можностите, како и во обврските и верноста како лојалност на една индивидуа кон цела нација, кауза, филозофија, земја, група или личност.

Колку повеќе граѓаните се чувствуваат еднакви, толку општеството станува покохезивно и поправедно.

Колку е повеќе државата верна на своите граѓани и кон сите заедници, толку повеќе граѓаните и заедниците се верни на државата.

Што изгуби мојата земја од реализацијата на целосната еднаквост за сите нас и од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор?

Што изгуби мојата земја со тоа што стана поверна кон сите граѓани?

Не изгуби ништо, доби многу.

Денес сум горд што ја претставувам својата земја, Северна Македонија, и што ја бранам нашата еднаквост и нашата заедничка цел, се обидувам да докажам дека припаѓаме на евро-американското општество кога станува збор за вредностите.

Мојот колега Талат гордо го води Собранието, Бујар раководи со дипломатијата на земјата, Фатмир ги раководи финансиите, најмалку петмина албански играчи гордо го носеа националниот дрес за време на Европското првенство во фудбал, г-ѓа Беса одлично раководи со Врховниот суд, и така натаму и така натаму.

Ние сме по верни откако државата започна да промовира еднаквост и лојалност кон сите подеднакво
.
И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Тоа е заедничка успешна историја што ќе ја прославиме и обележиме заедно на 13 август.

Би сакал да ја искажам својата најдлабока благодарност до сите национални лидери и пријатели од меѓународната заедница, некои денес се дури и присутни тука со нас, некои не се тука, но сите тргнавме по овој тежок пат, заедно пред 20 години и остануваме заедно на патувањето кон мирот, просперитетот, развојот и интеграцијата. Патување на кое има уште многу работа за да се реализира.

Преговорите, постигнувањето и потпишувањето на Охридскиот Договор и новите уредувања што ги донесе, се дел од нашето колективно патешествие од неуспесите во минатото кон еднаква иднина. Затоа Охридскиот Договор означува крај на една ера, што всушност е повеќе еден нов старт, еден нов почеток.

Цела една генерација порасна од 2001 година.

Охрид длабоко ја трансформираше Северна Македонија и останува наша sвезда водилка кон иднината.

Можеби, ако не беше спроведен Охридскиот Договор, немаше да биде реализиран ниту Преспанскиот Договор.

Оваа е причината зошто ги охрабрувам, особено нашите пријатели од регионот да го користат како пример Охридскиот и Преспанскиот Договор како примери за да пристапат смело кон споровите што ги имаат, бидејќи смелоста се исплатува и е гаранција за генерациите што доаѓаат.

Еден лидер раководи, не дозволува да биде раководен, донесува одлуки за идните генерации, а не за следните избори.

Јасно ми е и целосно сум свесен за одговорноста што сега ја носиме на нашите плеќи со цел да го заштитиме ова извонредно достигнување и да го поддржиме напредокот од изминатите 20 години. Да изградиме земја што ги исполнува потребите на утрешнината и е соодветна за нашата иднина врз основа на еднаквост, правда и почитувањето на нашите разлики.

Продолжуваме да се соочуваме со големи предизвици, но духот на Охридскиот договор ни дава доверба, смелост и оптимизам да се соочиме заедно со предизвиците што претстојат во иднина.

Нашето патување сеуште не е завршено. Нашата мисија сега е да ги изградиме следните 20 години.

Заедно.

Сите вие бевте многу љубезни со вашето внимание и ви благодарам за тоа“.

Извор: Влада

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...