Влада: Активности и грижа за Охридскиот Регион како културен и туристички центар

ВладаВлада: Активности и грижа за Охридскиот Регион како културен и туристички центар
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и градоначалникот на Општина Охрид Костадин Георгиевски денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

„Денеска сме тука за да ја посведочиме сериозната посветеност на Општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето.

Тоа е веќе сосема видливо на терен.

Општина Охрид, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт, покажа волја, капацитет и подготвеност за спроведување на нејзините обврски за отстранување на бесправните градби на плажите.

Во тек е процес со кој се става крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас.

Речиси целосно се расчистени плажите од Пештани до хотел Метропол. Отстранети се нелегалните платформи, постаменти и ѕидови од најразлични градежни материјали.

Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро.

Сега течат активности со кои Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите.

Екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите. Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации.

Се врши ревитализација на просторот, за што подетално ќе информира градоначалникот.

Дозволете ми јасно да потенцирам. Општина Охрид за овие активности ја има и ја добива целата поддршка и асистенција. Продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации.

Охрид и целиот Охридски Регион е туристичка атракција и заради печатот на УНЕСКО.

Независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО во однос на статусот на заштитено подрачје кој го поседува Охридскиот Регион, ние цврсто стоиме на ставот дека нашата определеност за регулирање на овие состојби е непоколеблива и целосна.

Да потсетам дека предлог-одлуката е базирана на Извештајот на УНЕСКО за состојбите до јануари 2020 година, а ние од тогаш до денес постигнавме значителни резултати во насока на исполнување на сите препораки.

Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат.

Како дел од задачите понатаму, што произлегуваат од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, предвидени се активности што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на регионот и за зајакнување на институционалниот капацитет за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион“.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img