spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јавен повик за Образовни Асистенти

Карпош: Јавен повик за Образовни Асистенти

Сите заинтересирани кандидатки и кандидати кои се заинтересирани да работат како образовни асистенти во основните општински училишта во Карпош може да поднесат барање до Основно училиште со ресурен центар „„Д-р Златан Сремец “ Скопје.

 

Апликациите, односно барањата со пројавен интерес може да го поднесат во ова училиште заклучно со 2 јули 2021 година, на адреса ОУРЦ „Д-р Златан Сремец “ Скопје, ул„Емил Зола “ бр.5, Скопје или по електронски пат на zlatansremec@yahoo.com

 

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент.

 

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 02 277 0446.

 

Инаку, Општина Карпош досега беше општина со најголем број ангажирани образовни асистенти кои работеа со децата со посебни потреби кои се вклучени во наставниот процес во училиштата во оваа локална самоуправа.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...