spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Врз темелите на АСНОМ изградивме демократска држава со просперитетна европска иднина

МТСП: Врз темелите на АСНОМ изградивме демократска држава со просперитетна европска иднина

„Благодарение на храбрите борци на Народноослободителната борба, водени од начелата за правда, одговорност, еднаквост, но пред се за слобода, денеска ја имаме Република Северна Македонија, како слободна и независна, современа европска држава“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворањето на изложбата “По патот на нивната младост”, по повод 80 години од Народното востание и 73 години од основањето на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија.

Министерката посочи дека овие изложби се потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме и потсетник за личностите кои се вградија во темелите на нашата државност и слобода, за што сме им вечно благодарни.

„Република Северна Македонија денес е демократска, мултикултурна, социјална држава, која се темели на слободарските и прогресивни идеи на АСНОМ. Тие даваат јасни насоки дека треба да чекориме и да се развиваме заедно со другите балкански и европски држави, почитувајќи ги принципите за слобода, сувереност, соработка, толеранција и дијалог“, истакна министерката Шахпаска.

Таа се осврна и на достигнувањата на нашата земја која денес е рамноправна членка на НАТО Алијансата и сигурно чекори на патот кон ЕУ интеграциите.

„Градиме општество еднакво за сите, општество кое ќе интегрира, а нема да сегрегира. Општество кое ќе ги почитува различностите, а нема да дискриминира. Општество кое ќе нуди еднаков пристап до ресурси и рамноправно учество на сите граѓани во креирање на политики како предуслов за просперитетна заедничка иднина“, рече министерката Шахпаска.

Таа на крајот ја поздрави изложбата како дел од  низата настани со кои се одбележува овој значаен јубилеј и тоа во годината кога одбележуваме 30 години од одржувањето на референдумот за независна и самостојна држава.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...