spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Одлучни сме до конкретизирање на нашите проекти за дигитализација на државната...

МИОА: Одлучни сме до конкретизирање на нашите проекти за дигитализација на државната администрација

Една од важните средби за време на посетата на министерот Шаќири во Барселона беше средбата со заменик Министерот за транспорт и инфраструктура во Владата на Турција, г. Омер Фатих Сајан. Дел од оваа средба беа и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акики, генералниот директор на Турксел, г. Мурат Еркан и претставници од органот за информатички и комуникациски технологии во Турција.

 

На состанокот се разговараше за конкретни проекти каде Турција би помогнала во спроведувањето на владините електронски услуги, можноста за партнерство или соработка со мобилните оператори, како и за сателитските системи што Турција веќе ги произведува и ги пушти во употреба.

 

На крајот на состанокот, заменик министерот Сајан упати официјална покана до министерот Шаќири за работен состанок во Турција и очекува оваа посета да се одржи во блиска иднина.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...