Реакција до Јавноста

СиндикатиРеакција до Јавноста
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Македонскиот Полициски Синдикат најостро реагира на објавата на социјални мрежи на пратеникот Апасиев кој со неговиот речник и вокабулар воопшто не ја преставува пратеничката функција

Имено господине Апасиев, сте биле сопрен од страна на УНИФОРМИРАН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, а не од ,,Џандар,, при вршење контрола над безбедноста во сообраќајот.

За тоа како се вработил во Министерството за внатрешни работи и како се образувал за ПОЛИЦАЕЦ не е Ваше да коментирате, бидејќи во Министерството за внатрешни работи постојат точно утврдени правила за тоа.

Согласно правните прописи, Униформирани полициски службеник врши контрола во сообраќајот при што превентивно и репресивно постапува согласно утврдената фактичка состојба на терен.

,,Тресењето на возилото,, е ПРЕГЛЕД а не претрес за што Вие како ,, добар познавач на правото “ треба да ја знаете разликата. Последиците од непостапување по наредба од Униформирани полициски службеник исто така вие како ,,добар познавач на правото“ треба ги знаете.

Дали и како се однесувал полицискиот службеник за тоа ќе си утврди соодветната служба на МВР.

Вашето однесување како Пратеник, Вашиот вокабулар, а особено непознавањето на Вашите обврски и права кои произлегуваат од Вашиот пратенички мандат како и неоснованото повикување на пратенички имунитет ја отсликува Вашата личност.

Кога сме веќе кај Вашиот Имунитет на кој се повикавете, еве ние ,,џандарите,, да Ви дадеме бесплатна лекција по ПРАВО:

Уставниот имунитет на кого сте се повикале не ве ослободува ниту од прекршочна, ниту од кривична одговорност.

Член 64 од Уставот на Република Северна Македонија на кого се повикувате гласи:

Пратениците уживаат имунитет.

Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

За време на мандатот пратениците не подлежат на обврска во вооружените сили.

Пратеникот има право на надомест утврден со закон.

Вие како пратеник уживате материјален и формален имунитет.

Материјалниот имунитет е заштита од кривично гонење за искажано мислење во Собранитето односно пратеникот неможе никогаш да одговара за кажан збор од говорница или за гласање во собраниска постапка.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор освен ако не е затечен при извршување на кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку 5 години затвор како што е наведено во член 64 од Уставот на Република Северна Македонија

Службената легитимација господине Апасиев не е документ за ослободување од прекршочна или кривична одговорност истата е документ за утврдување на идентитет и функција.

Како Македонски полициски синдикат ги повикуваме сите наши членови од МВР, а воедно и сите вработени во МВР да не потклекнуваат на вакви притисоци и да ги извруваат своите задачи согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.

Ние како Македонски полициски синдикат будно ќе ги следиме сите напади кон нашите членови и воопшто кон сите вработени во МВР и навремено и аргументирано ќе реагираме.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img