Преку Мој ДДВ вратени над 36 милиони евра кон околу 400.000 граѓани за две години

Политички партииПреку Мој ДДВ вратени над 36 милиони евра кон околу 400.000 граѓани...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Со СДСМ враќањето на парите кај граѓаните е реалност, животниот стандард и достоинството постојано се зголемува, а домашните компании добиваат помош и поддршка. Со СДСМ довербата кај граѓаните во институциите се враќа, бидејќи ние се бориме против сивата економија.

Управата за јавни приходи преку проектот Мој ДДВ, како дел од ДДВ искажано во фискални сметки, во изминатитве две години на 399.000 корисници им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра.

Преку Мој ДДВ во првата година вратени се над 670 милиони денари, а во втората година од повратот на ДДВ преку скенирани фискални сметки, 1,5 милијарди денари завршија назад во семејните буџети на граѓаните.

Речиси 414 милиони денари им се исплатени на граѓаните само во првите три месеци од оваа година.

Веќе неколку месеци, за купени македонски производи, се враќа дел од ДДВ во висина од 20%, што значи директна помош за домашната економија.

Постојаниот раст на бројот на корисници на апликацијата Мој ДДВ е силна потврда дека ова е еден од најдобрите и најуспешните проекти на владата предводена од СДСМ.

Граѓаните со сигурност знаат дека на секои три месеци се исплаќа повратот на ДДВ-то на нивните трансакциски сметки, но знаат и дека на тој начин даваат придонес во борба против сивата економија.

Како одговорна партија, продолжуваме да создаваме и спроведуваме мерки и политики за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани.

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img