spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Средба со лордот Френсис Мод (Francis Maude) на Преспанскиот форум за...

МИОА: Средба со лордот Френсис Мод (Francis Maude) на Преспанскиот форум за дијалог

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, како дел од состаноците одржани за време на Преспанскиот форум за дијалог, имаше можност да реализира средба со лордот Франсис Мод, поранешен министер за Европа во кабинетот на Маргарет Тачер, поранешен министер за трговија и инвестиции и основач на службата за дигитална влада и порталот https: / /www.gov.uk/, за време на еден од мандатите во британската влада.

За време на оваа средба се разговараше за формирањето на Дигиталната агенција во Република Северна Македонија; се разговараше за Отвореното владино партнерство, за кое МИОА реализираше повеќе проекти, додека г. Мод е еден од основачите на Отвореното владино партнерство во Велика Британија; и Министерот Шаќири го информираше г. Мод за сите започнати реформи во областа на администрацијата и медиумите.

“Ваквата размена на искуства е повеќе од неопходна во конкретизацијата на сите веќе започнати проекти. На крајот од состанокот едногласно изјавивме дека нашата комуникација и соработка ќе продолжи и ќе се интензивира, со единствена цел да создадеме подобри услуги за граѓаните и да го зголемиме квалитетот на животот за нив” рече Министерот Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте