spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕАвтопатот Кичево Охрид е 4 години во застој, власта проектира само нови...

Автопатот Кичево Охрид е 4 години во застој, власта проектира само нови трошоци

Почитувани граѓани,

Неспособноста на СДСМ уште еднаш е покажана на дело. Автопатот Кичево Охрид е започнат во 2014та година, со вкупна должина од 57км. При примопредавање на власта во 2017та имаше сериозен прогрес од приближно 50% и веќе цели 4 години не можеме да видиме дека овој процент драстично расте. Постојано нешто се допроектира, во континуитет се склучуваат нови анекси, се продолжува рокот на изградбата на автопатот и наместо да имаме готов автопат во 2018та година се касни до тој степен што најновиот рок е 2024та година. Со ова темпо и со ова неработење имаме сериозни сомнежи дека и овој рок нема да биде запазен. Само за потсетување претходниот рок од владата предводена од СДСМ беше 30 јуни 2021 година. И нормално, рокот е далеку од запазен.

Побрза изведба на автопатот значи и помалку трошоци за буџетот на РМ. Колку за илустрација пред 15-тина дена ЈПДП склучи договор за надзор на изведбата на автопатот Кичево-Охрид во вредност од над 8 милиони евра само за надзор на изградбата на автопатот. Надзор на неработење не постои. Фирмите добитници на овој тендер всушност во пракса и ќе немаат што да набљудуваат и на кое работење да бидат надзор.

Почитувани граѓани,

Доколку автопатот навремено беше завршен овие дополнителни трошоци ќе беа избегнати и ќе можеа овие средства од буџетот на РМ да бидат прераспределени за други проекти од интерес на граѓаните. Но нема план, нема стратегија, СДСМ има само желба за удобна власт.

СДСМ магично успеаа да ја удвојат цената на чинење на автопатот при никаков прогрес на терен. И нормално, должината на автопатот остана иста.

Тие 4 години наместо во работа и завршување на автопатот ги помина во жалење и поплаки како било тешко да се сработи овој проект. Тоа се оправдувања, постојано бараат изговори за нивната неспособност. Најнапред тврдеа дека трасата е промашена, Зоран Заев не ретко го говореше тоа, дури и од собраниската говорница и тоа им беше главната причина за неработење. Потоа во 2019та година министерот Благој Бочварски го демантираше Заев, самиот себе па и цело СДСМ и изјави дека трасата не била погрешна. Потоа откако оваа теза доживеа неуспех продолжија со тезата дека проектот не бил доволно добар и дека на некои места треба да се допроектира автопатот, а забораваат дека ревидираниот проект и тогаш и сега беше ист. И притоа на нивната приказна за допроектирање тие можеа да бараат оправдувања во 2017та па можеби и во 2018та година, но како тоа и во 2021ва година сеуште говорат за допроектирање на автопатот.
Почитувани граѓани,

Нивната неспособност веќе одамна е излезена на виделина. Никој повеќе не верува дека СДСМ ќе успее да го заврши овој автопат. Зоран Заев и оваа влада не се способни!

Овој автопат го започна со изградба претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и овој автопат ќе го заврши идната влада предводена од ВМРО–ДПМНЕ. А криминалното и неспособно владеење на СДСМ ќе биде само лошо сеќавање.

Прочитајте

Центар: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа...

0
Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар...