Карпош: Наставници можат да аплицираат за Ментори

ОпштиниКарпош: Наставници можат да аплицираат за Ментори
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Наставниците од основните училишта „Аврам Писевски“, „Војдан Чернодрински“ и „Братство“ можат да аплицираат на вториот јавен повик на Министерството за образование и наука, за напредување во звање ментор.

 

Наставниците – ментори ќе остварат право на финансиски додаток од околу 3.000 денари, средства од Буџетот на Министерството за образование и наука. Менторите обезбедуваат поддршка и ги водат низ работата наставниците – почетници. Исто така, менторите помагаат и на студентите од факултетите за наставници, со цел да стекнат вештини и практични знаења за работа со ученици и користење на иновативни приоди во работењето.

 

На првиот јавен повик веќе се избраа наставници – ментори во преостанатите седум основни училишта во Карпош. За наставници – ментори се избрани:

 

  • ООУ „Владо Тасевски“, Виолета Панев, наставник по англиски јазик;
  • ООУ „Димо Хаџи Димов“, Невена Петковскa,наставник по историја;
  • ООУ „Лазо Трповски“, Д-р Милица Патраклиева, наставник по географија;
  • ООУ„Петар Поп Арсов”, Олгица Бајалџиева, наставник по биологија;
  • ООУ„Вера Циривири Трена”, Дивна Карапанчева, наставник по биологија и природни науки;
  • ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош”, Владанка Димитрова Урошева, одделенски наставник;
  • ООУ ,,Јан Амос Коменски”, Александра Блажевска,наставник по хемија и природни науки.

 

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули 2021 година.

 

Линк до повикот: https://bit.ly/2SNoTV0

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img