Карпош: Ново зеленило, домашни посети и подобра патна инфраструктура

ИнтервјуаКарпош: Ново зеленило, домашни посети и подобра патна инфраструктура
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во текот на летото, општина Карпош ќе започне со уредување на нов маалски парк на улицата „Соле Стојчев“, во Карпош 4. Предвидено е да се засади нова тревна површина, да се постави систем за наводнување и урбана опрема (клупи и корпи за отпадоци).

 

Овој проект, го најави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТВ.

 

Богоев зборуваше за актуелните проекти кои се спроведуваат во Карпош, при што се осврна и на почетокот на проектот за „Хумани патроли“. Станува збор за домашни посети за повозрасните и изнемоштени лица, како и за лицата со попреченост, кои ќе се организираат во соработка со Црвениот крст.

Оваа недела, ќе биде отворена и информативната канцеларија за овој проект, на мостот „Влајко“, каде што граѓаните ќе можат да се информираат за оваа услуга.

 

Од денеска, во Тафталиџе 1 започнува да се применува и времениот режим на сообраќај. Улицата „Париска“ целосно ќе биде реконструирана, со што ќе се подобри инфраструктурата во овој дел од Карпош.

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img