spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: „Спорт за развој“

Карпош: „Спорт за развој“

Проектот „Спорт за развој“, и во иднина ќе се спроведува во рамки на десетте основни училишта во општина Карпош. Имено, преку овој проект учениците и наставниот кадар имаат дополнителни физички активности, а стекнуваат и социјални вештини за да бидат поодговорни граѓани во заедницата.

 

Денеска, во општина Карпош се потпиша меморандумот за соработка за продолжување на овој проект, меѓу локалната самоуправа, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „ТАКТ“.

 

Градоначалникот Стефан Богоев го искажа своето задоволство од оваа многу конкретна соработка.

 

  • За време на пандемијата, кога спортските активности беа ограничени, преку овој проект, младите можеа да вежбаат на отворено и да бидат безбедни, затоа што знаеме колку е важна активноста, како за физичкото, така и за нашето ментално здравје, рече Богоев.

 

Во име на ГИЗ, меморандумот го потпиша Јенс Елснер, раководител на Програмата „Спорт за развој“. Тој истакна дека проектот се спроведува во повеќе земји на Западен Балкан: Република Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.

 

Магдалена Спасовска, претседателка на здружението „ТАКТ“ – имплементатор на проектот „Спорт за развој“, ги сподели позитивните искуства со општина Карпош, со секторите, како и со основните училишта. Беа обучени повеќе наставници да бидат тренери за програмата „Спорт за развој“,  со што знаењата и вештините ќе можат да ги прошират меѓу наставниот кадар.

Спасовска посочи дека е планирано овој проект да се спроведува и во повеќе средни училишта во Скопје.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...