spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМизерно е кога СДСМ се фали дека ги храни студентите, оброкот нема...

Мизерно е кога СДСМ се фали дека ги храни студентите, оброкот нема да им обезбеди иднина

СДСМ продолжува со злоупотребување предизборно и на тие млади што останаа во земјава сака да понижи дополнително фалејќи се со милостина, додека се’ потежок е животот на македонскиот студент.

Во врска со младински политики што и да напише СДСМ не е за верба, затоа што ниту еден млад човек не вратија од странство, а устите им беа полни како сега дека ќе вратат 600 илјади млади луѓе назад во Македонија, не само што не вратија туку има се помалку млади луѓе.

Заради политиките на СДСМ кои не заковаа на дното на секоја листа, младиот човек во Македонија се бори со бесперспективноста и огромните разочарувања, едвај се доаѓа до вработување затоа што СДСМ турка партиски вработувања.

Во време на СДСМ младинската невработеност во Македонија стана најголема во Европа, се укинаа сите добро проекти и се нема никаква визија како да се подобри животот на младите и стандардот на студентите.

После четири години, СДСМ сега се фали со стартување на проекти, ништо немаат направено за унапредување на младинските политики.

Субвенционираниот оброк нема да им обезбеди иднина на студентите и смешни се пофалбите кои ги прави СДСМ предизборно, со обид за додворување и поткуп со милостина.

Младите луѓе во Македонија не смеат да бидат граѓани од втор ред. Време е за Македонија за сите луѓе!

Прочитајте