spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува...

МОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај било кој трговец

Со износот од 2.400 денари којшто Министерството за образование и наука од октомври ќе го уплаќа на студентите за субвенциониран оброк ќе може да се плаќа кај кој било трговец. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови.

Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен. Сега мерките се релаксирани и угостителските објекти работат, но не знаме што ќе се случува во наредните месеци кога можеби ќе имаме нови рестриктивни мерките, а токму тогаш студентите ќе ги добиваат средствата. Затоа со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и оброците да се обезбедуваат и од продавници.

Првично усвоеното законско решение, предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти. Но, со предлог закон е направена измена – средствата да се користат и во продавници, а препораката е да бидат наменети за набавка на храна.

Според пресметките финасиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова право, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

0
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште...