spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДали Градот Скопје е толку богат за да донира 38 милиони денари...

Дали Градот Скопје е толку богат за да донира 38 милиони денари на здруженија на граѓани?!

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ирена на денешната седница на Советот на Град Скопје зборуваше за одлуката со која градот сака да им додели 38 милиони денари на здруженија на граѓани за зелен кров.

 

„Дали стопанствениците на дуќани во трговскиот центар Мавровка ќе учествуваат со свои средства во реализација на овој проект или Градот Скопје е толку богат што ќе донира?!”, праша Мишева.

 

Координаторката Мишева се осврна на приоритетите на Градот Скопје кои не се реализирани и укажа дека со оваа предлог одлука се креира пракса дека сите трговски центри преку здруженија на граѓани може да аплицираат и да добијат средства за оваа намена.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...