spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКако Македонци со македонски јазик станавме членка на НАТО, како Македонци ќе...

Како Македонци со македонски јазик станавме членка на НАТО, како Македонци ќе се интегрираме и во ЕУ

Четири години, политиките што ги реализира СДСМ носат успеси и радости и на домашен и на меѓународен план, порача вечерва секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен.

– Пред четири години бевме изолирана држава која се плаши од своите соседи, држава која мислеше дека сите и се непријатели, држава која не веруваше во својата иднина. Денес, ние сме членка на НАТО, нашето знаме се вее пред седиштето, очекуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ. Во сите тие преговори влеговме со самодоверба, со јасен идентитет како Македонци кои зборуваат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во ЕУ, ќе успееме во обезбедувањето на нашата европска перспектива, порача Маричиќ.

Маричиќ истакна дека концептот на СДСМ за Едно општество за сите, сега е концепт кој се прочу низ целиот свет, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ продолжува со концептот кој носи само блокади, изолација и корупција и затоа довербата на граѓаните кон СДСМ ќе продолжи да расте.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...