spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Отворени сме да помогнеме во дигитализацијата на услугите на Управата за...

МИОА: Отворени сме да помогнеме во дигитализацијата на услугите на Управата за водење на матични книги

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, оствари работна средба со директорот на Управата за водење на матични книги, Бујар Дардишта.

Целта на денешниот состанок беше темата за дигитализација на услугите нуди од Управата за водење на матични книги.

„Свесни сме за важноста на оваа реформа за оваа управа. Затоа, ќе ја интензивираме нашата соработка, за да може оваа цел да се конкретизира што е можно побрзо. Граѓаните и нивниот квалитет на живот се приоритет за нас“, рече Шаќири за време на состанокот.

Меѓу другото, Шаќири додаде: „Овие процеси не можат да се завршат преку ноќ, но со добра волја и соодветна посветеност ќе го скратиме времето на нивно спроведување“.

„Денешниот состанок претходи на многу други состаноци во иднина. „Нашите напори ќе завршат само откако ќе ги постигнеме нашите цели“, заклучи Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...