spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКонтинуирано инвестираме во предучилишното образование, отворени 45 градинки

Континуирано инвестираме во предучилишното образование, отворени 45 градинки

Почитувани,

 

Приоритет на СДСМ е грижата за најмладите, за децата.

 

Континуирано го подобруваме предушилишното образование со цел да ги подготвиме децата за предизвиците, да обезбдиме еднаква шанса за секое дете.

 

Во изминатиот период инвестиравме над 180 милиони денари во 45 градинки, како во урбаните така и во руралните средини, а до крајот на годината ќе бидат завршени уште 12 нови градинки.

 

Со ова значително се зголемуваат капацитетите за сместување на децата во градинките и се прибилижуваме до исполнување на нашето ветување за опфат на 60% од децата во предучилишно воспитание и образование.

 

Обезбедивме 15 милиони евра за изградба на инклузивни и енергетски ефикасни детски градинки.

 

Ги ослободивме од плаќање на надоместок за градинка самохраните родители во социјален ризик.

 

Системски го решивме прашањето за бесплатно вклучување на децата Роми од семејства во ризик во предучилишно образование.

 

Го вративме достоинството на професијата воспитувач, ги зголемивме платите за 31,5 отсто.

 

Вложувањето во децата денес е единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество, подобро утре за идните генерации.

 

Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на раниот детски развој, за секое дете да обезбедиме, безгрижно детство, фер шанса и иднина.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...