spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и 55 вработени од Специјалниот...

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и 55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​

Во Специјалниот завод Демир Капија беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на корисници–лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино.

 

Прва доза од вакцините против Ковид-19 добија 155 корисници, од вкупно 171 корисник  кои долгорочно престојуваат во установата. По препорака од одговорниот лекар од тимот за вакцинација, преостанатите корисници ќе бидат дополнително вакцинирани штом нивната здравствена состојба го дозволи тоа. Вработените од заводот и центрите за социјална работа ги обезбедија потребните согласности за вакцинација од родителите или старателите на корисниците.

Дополнително, 55 вработени кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за корисниците, исто така, примија прва вакцина против ковид-19. Во текот на април, како дел од критичната инфраструктура, повеќе од половина вработени во заводот веќе беа заштитени од ковид-19 со две дози вакцина.

Министерството за труд и социјална политика во континуитет и во соработка со надлежните здравствени институции ги презема сите мерки за заштита од појава и ширење на ковид-19 во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување. На самиот почеток на пандемијата беа развиени посебни протоколи за групните домови и социјалните установи и беа обезбедени дезинфекциски средства и лична заштитна опрема за вработените и корисниците.

Навремените и соодветни мерки спречија масовно ширење на ковид-19 и фатални последици кај сместените корисници и вработените во социјалните установи и групните домови во земјава.

Во јануари 2021 година Владата на Република Северна Македонија додели финансиска награда на вработените во Специјалниот завод Демир Капија, за нивната професионалност и пожртвуваност во грижата за дел од корисниците кои заболеа од Ковид-19, како и за спречувањето на ширењето помеѓу останатите корисници.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и корисници на системот за социјална заштита кои досега не се вакцинирале да ги искористат достапните можности за вакцинирање против Ковид-19 и да го заштитат своето и здравјето на своите блиски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...