МЖСПП: Чистење на линданот од малата депонија во ОХИС

МинистерстваМЖСПП: Чистење на линданот од малата депонија во ОХИС
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Денес и официјално започна процесот на чистење на линдан и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС. За таа цел избраниот изведувач Полиеко започна со подготвителни активности што подразбираат расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија.

„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме  жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ОХИС, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, изјави министерот Нуредини, најавувајќи дека Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина прават напори да се обезбедат средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.

За  чистењето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции на Обединетите Нации, УНИДО и УНОПС.

Првично, за реализација на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијација на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС “Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (POPs) во соработка со УНИДО како имплементациона агенција, обезбеди финансиски средства од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во висина од 3.100.000 долари.

По спроведување на изборот на компанија за чистење на овој отпад,  УНИДО склучи договор со избраниот изведувач Полиеко за чистење на 450 тони од високо концентрираниот HCH отпад и на 200 тони од земјата контаминирана со HCH од малиот базен.
Потребните дополнителни средства за завршување на чистењето на “малата” депонија, УНИДО, МЖСПП, ГЕФ и Генералниот Секретаријат на Владата се согласија да бидат обезбедени од Повеќе-партнерскиот Фонд за животна средина, а да се имплементира од страна на УНОПС.

Неодамна и УНОПС потпиша договор со грчката компанија Полиеко за чистење на дополнителни 240 тони HCH отпад и 653 тони контаминирана почва со HCH  со што ќе се обезбеди континуитет во чистењето на опасниот хемиски отпад од оваа локација.

„Кралството Норвешка е партнер на Владата на Северна Македонија во овој процес. Во изминатите три години, обезбедивме поддршка на Владата и на Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина во износ од 1,5 милиони евра како поддршка на чистењето на депонијата во ОХИС“, изјави Стефан Сандстад, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка.

„Ние во УНОПС сме горди што ни е доверено управувањето на Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина кој е воспоставен од Владата на Северна Македонија во партнерство со многу субјекти кои работат кон заедничка цел – ремедијација на линданот во ОХИС. Ќе продолжиме да работиме заедно да обезбедиме средства од донатори, меѓународни организации и финансиски институции за овој витален потфат за животната средина во државата“, изјави Микела Телатин, шеф на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија

„Се соочивме со многу предизвици, проблеми низ годините, почнувајќи од 2006 година кога започнаа преговорите за обезбедување на средства од ГЕФ, се до 2015 година кога беше и официјално започнат проектот, за денес да ја  видиме механизацијата на терен. Останува да се спроведе самиот процес на чистење, на крајно внимателен и безбеден начин согласно утврдените стандарди и критериуми. Во текот на целиот процес на чистење јавноста ќе биде редовно информирана“, изјави националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс.

Претставникот на Полиеко имаше можност да го образложи процесот на работа на локацијата, почнувајќи од организација на теренот, поставувањето на шаторот со целата апаратура за негативен притисок, применетата методологија на ископ, пакување и обележување, како и опис на сите заштитни и безбедносни мерки следејќи ги претходно утврдените стандарди и критериуми,  кои ќе овозможат минимизирање на емисии во животната средина, надвор од шаторот и пошироко.

Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот и неговите изомери од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img