spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза

Аеродром: Доградбата на ООУ „Лазо Ангеловски“ е во завршна фаза

Во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Капиталниот проект опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.

„Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, со што конечно ќе може да се укине третата смена во наставата“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Општина Аеродром останува фокусирана на најмладите и на обезбедувањето најдобри услови за нивно образование. Досега се реновираа сите основни училишта, а во тек е изградбата на целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со што учениците од овој дел на Аеродром ќе добијат современо училиште по цели шест децении.

13.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...