spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Добива нови урбани скверови

Ѓорче Петров: Добива нови урбани скверови

Започнуваме со реконструкција на просторот околу спомен чешмата на Томислав Настевски-Бумбар. Покрај санација на плочките, истиот ќе биде оплеменет и со ново зеленило, урбана опрема, осветлување.

Истовремено, општината продолжува со изградба на шесте урбани скверови на своја територија. Во моментов се работи на уредување на мал јавен парк кај поштата во Волково.

На овие јавни површини ќе се постави дрвена конструкција со иновативно осветлување, кружни клупи, корпи за отпадоци, патеки а целиот простор  дополнително ќе се облагороди со дрва и зеленило.

Општина Ѓорче Петров создава нови зелени површини а со тоа се добиваат  уште места за дружба, одмор и релаксација.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Вандализмот е аларм, општокорисната работа може да...

0
Како ЗЕЛС, на последната седница на Управниот одбор, едногласно ја прифативме иницијативата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и денес официјално ја доставуваме до...