spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНајмалку 50 проценти од домаќинствата ќе бидат гасифицирани и ќе добијат бесплатен...

Најмалку 50 проценти од домаќинствата ќе бидат гасифицирани и ќе добијат бесплатен приклучок на гас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер на трибината „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во Гази Баба го презентираше концептот „Македонија за сите луѓе“ чии политики предвидуваат најмалку 50 проценти од домаќинствата да бидат гасифицирани и да добијат приклучок на гас.

-Најголем процент на загадување на амбиенталниот воздух доаѓа од системот на затоплување на нашите домови, со промена на системот односно со користење на гасот кој ќе биде овозможен од идната општинска и градска власт секое домаќинство ќе добие можност да избере бесплатен приклучок на гас коешто идното општинско или градско претпријатие ќе го изведе до секое домаќинство, планот е во еден четири годишен мандат најмалку 50% проценти од домаќинствата да добијат бесплатен приклучок на гас, а со тоа да се промени системот на затоплување на домаќинствата, а со тоа да имаме почист воздух, а со тоа да имаме и поздрави сограѓани, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека оваа политика која е дел од концептот Македонија за сите луѓе е за да се обезбеди почист воздух за сите граѓани и здрава животна средина, преку менување на системот за затоплување во домовите кое голем фактор за загадувањето на амбиенталниот воздух, како и посочи дека почистиот воздух не дојде со „животот“ и ветувањата од градоначалниците од власта, но ВМРО-ДПМНЕ со нова методологија и политики истиот ќе го обезбеди за сите граѓани.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...