spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Јосифово добива целосно нова градинка

МТСП: Јосифово добива целосно нова градинка

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Валандово, Перо  Костадинов, вчера направија увид во градежните работи на новиот објект-детска градинка во село Јосифово, Општина Валандово.

„Министерството за труд и социјална политика продолжува да инвестира во изградба на нови и проширување на постоечките градинки со цел да го зголеми опфатот на деца во предучилишно образование “, посочи министерката Шахпаска.

По направениот увид во градежни работи  на новиот објект министерката информираше дека динамиката на градежните работи кои се во тек се дури и со побрзо темпо од предвиденото и изрази задоволство што наскоро децата од Јосифово ќе добијат целосно нова градинка, градена по сите европски и светски стандарди.

„Новата градинка во Јосифово има капацитет да згрижи 57 деца организирани во три воспитни групи, за која Министерството за труд и социјална политика издвои 22 милиони денари“ , рече министерката Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов изрази задоволство од темпото со кое се движат градежните активности и воедно изрази и благодарност до Министерството за труд и социјална политика, за инвестицијата во Јосифово, со која на децата од ова населено место им се овозможува да посетуваат нова современа градинка со сите услови за квалитетно  предучилишно образование.

Извор: Влада

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...