МВР: 262 санкционирани возачи во Скопје

МинистерстваМВР: 262 санкционирани возачи во Скопје
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 15 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, девет санкции за возачи почетници, 27 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 31 санкција за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење на сигурносен појас, три санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 56 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img