spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗаев и владеачката коалиција еднаш не застанаа во одбрана на националните интереси

Заев и владеачката коалиција еднаш не застанаа во одбрана на националните интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашната изјава од Битола, во врска со неприфаќањето на предложената Резолуција во Собранието од страна на албанските партии, истакна дека Зоран Заев и коалицијата од Владата еднаш не застанале во одбрана на националните интереси, и се надева дека ќе изнајдат храброст да застанат зад македонските интереси и да ја подржат Резолуцијата во Собранието.

Жалам што одлучија да бидат пиуни на Зоран Заев и СДСМ и практично Зоран Заев и СДСМ директно да им го соопштат на граѓаните, одлучија преку коалиционите партии тоа да го сторат, жалам што еднаш не најдоа за храброст да застанат во одбрана на македонските национални интереси, истакна Мицкоски.
Мицкоски вели дека за нашите соседи не постои попосакуван од Зоран Заев, затоа што тоа што е во интерес на македонскиот народ за него е на дното од скалата на приоритети, а секогаш прв приоритет претставуваат интересите на нашите соседи.
-Се надевам дека во четврток Резолуцијата ќе биде дел од собраниската дебата и таква каква што е без никакви измени ќе изнајде храброст еднашка СДСМ и Зоран Заев во името на единството на македонскиот народ да ја подржат таа Резолуција, порача Мицкоски од Битола.

Прочитајте

Бутел: Спортски стипендии за најуспешните спортисти

0
Општина Бутел и оваа година доделува стипендии за најуспешните спортисти. Општина Бутел е најспортската општина во Република Македонија. Тоа е неколку пати потврдено со врвни...