Гевгелија: „Парк на ветерни електрани Миравци“

ОпштиниГевгелија: „Парк на ветерни електрани Миравци“
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img
Електрани на РСМ објави јавен повик за претквалификација
за избор на консултант за изработка на Физибилити студија за проектот „Парк на ветерни електрани Миравци“. Сите заинтересирани компании треба да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest)-  Економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily)- електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu).
              Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со ГРАНТ од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот. Компаниите можат да побараат разјаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите. Рокот за пријавување е до 28 јули, 2021 година.
               Инаку,  Проектот „Изградба на ветерен парк во Миравци“ влезе во приоритетната листа на поддржани проекти утврдена од Владата на Република Северна Македонија за изградба на енергетски системи со обновливи извори на енергија. Со потпишувањето на договорот за доделување грант во висина од 2,4 милиони евра од „Програмата за обновливи извори“ за поттикнување на енергетската транзиција, од јаглен кон обновливи извори на енергија помеѓу Електрани на Северна Македонија и Германската банка за развој банка „KFW“, поддржани се 5 проекта, за кои доделените средства ќе се искористат за изработка на технички студии и документи. Грант-средствата овозможуваат дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетски објекти. Целта на овие проекти е да се забрзи темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, што повеќе да се користат обновливи извори на енергија, а јагленот да се замени со природен гас и да се намалат јаглеродните емисии на долгорочен план.
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img