spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНема еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост, со спроведените реформи денеска...

Нема еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост, со спроведените реформи денеска живееме во еднакво општество за сите

Вечерва, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска учествуваше на граѓанска трибина организирана од Форумот на жени на СДСМ Куманово, на тема предизвиците на жена претприемач.

Откако СДСМ е на власт се забележува сериозен ангажман и резултати на полето на родовата еднаквост. Не можеме да имаме еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

Ние како СДСМ, додаде Лукаревска, како одговорна и државотворна партија која го воведе и негува концептот на 50-50 на изборните листи кој носи позитивни резултати, веруваме во еднаквоста на мажите и жените.

Преку спроведените реформи преку проектите за поддршка на жените претприемачки и жените земјоделки, успеавме да ја мотивираме жената да биде дел од претприемачкиот свет да биде дел од механизмите кои го градат општеството. И нема да застанеме тука, заради одговорноста на СДСМ се повеќе жени се охрабрени, тоа е наша гордост. Како заменик претседателка на најголемата партија ќе се борам да се слушне гласот на жената, ќе се борам да имаме што повеќе кандидатки за градоначалници, што повеќе носителки на листите за советници, затоа што само така ќе продолжи процесот на промени кон целосна еднаквост, заклучи Лукаревска.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

0
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште...