spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Новиот кружен тек на булеварот „Ленинова“ се уште е во фаза...

Струмица: Новиот кружен тек на булеварот „Ленинова“ се уште е во фаза на изведба

Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение.

Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите стручни лица и сите надлежни институции, меѓу кои СВР Струмица и Советот на општина Струмица.

Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинова“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од улицата „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно направени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во најголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.

Ја замолуваме јавноста за трпение проектот да биде целосно завршен, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.

Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради појавата на голем број на сообраќајни незгоди и загушувања кои постојат на оваа крстосница,  со што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија и изглед.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...