spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаВелес: Железничкиот премин под село Горно Оризари е опасен по живот

Велес: Железничкиот премин под село Горно Оризари е опасен по живот

Нереализираните политички ветувања се ризични по живот. Последица од несериозноста и неспособноста на политичарите е тешкиот инцидент кој се случи на отворениот железнички премин кај селото горно Оризари во кој тешко повреден беше жител на Велес. Ова е втор случај во последните две години кој се случува на истиот премин , кој нема светлосна и звучна сигнализација!

Иако во програмата на СДСМ и Коцевски, овој премин беше ставен во приоритетите за решавање, наместо решение, овој премин остана црна точка која на суров начин потсетува на неодговорноста на локалната власт и немањето слух и капацитет да се реши овој проблем кој датира од почетокот на независноста на Македонија.

Во отсуство на одговорност од институциите платени од граѓаните да ја обезбедат нивната безбедност, апелираме до сите возачи и граѓани да внимаваат при преминувањето на овој железнички премин, додека некои од надлежните институции не одлучат дека е вистинското време да си ги исполнат обврските за кој што се платени од народни пари!

Извор: Левица

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...