spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Обновување на детските игралишта во општината

Карпош: Обновување на детските игралишта во општината

Целосно се реконструирани детските игралишта во Влае 1, на улицата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, како и детската зона во Средно Нерези, на улицата „Козле“ 8  (кај автобуската постојка на последна „57 – ца“).

Општината постави нови тобогани, клацкалки и лулашки, со што се подобрија условите за детска игра и рекреација во овие делови од Карпош. Овие зони придонесуваат за облагородување на јавниот простор меѓу објектите за домување и креирање на содржини за маалски соживот меѓу младите и сите граѓани.

За реконструкцијата на двете детски игралишта потрошени се околу 590.000 денари, средства од Буџетот на локалната самоуправа, дел од Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност – одржување на урбана опрема.

По реконструкцијата на овие игралишта, службите на општината продолжија со обнова и на детското игралиште во Карпош 3, на улицата „Пелистерска“.

Во претходниот период беа реконструирани повеќе детски игралишта: во УЗ „Владо Тасевски“ (спроти х. „Карпош“), во Карпош 4 (долж „Партизански одреди“, спроти „Палма“), во Жданец и др.

Ги повикуваме сите граѓани на одговорно и совесно користење на новопоставената урбана опрема.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...