spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката меѓу АВРСМ и Центрите за социјална работа е клучна за...

МТСП: Соработката меѓу АВРСМ и Центрите за социјална работа е клучна за брза активација и вработување на примателите на гарантирана минимална помош

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска,  одржа работен состанок со директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. На средбата присуствуваа и претставници на различни сектори од Министерството и Агенцијата за вработување.

На состанокот се разговараше за имплементирањето на трите принципи во овогодинешниот Оперативен план, диверзитет, инклузивност и принципот на рамномерен регионален развој. Заинтересираноста за актуелните програми и мерки е голема, а тоа секако е позитивен знак за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста на ранливите категории на граѓани, примателите на гарантирана минимална помош, тешко вработливите лица.

„Важно е Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување да се надополнуваат во процесот на детектирање на највработливите членови од семејствата приматели на гарантирана минимална помош. Прецизно изработените индивидуални планови за работа на овие лица се првиот и најважен чекор при нивното вклучување на пазарот на труд“, истакна министерката Шахпаска.

Сите присутни на состанокот изразија заеднички став во однос на потребата да се формира работна група, комбинирана од претставници на АВРСМ и ЦСР, која ќе изготви стандардизиран образец за внесување на информациите за лицата приматели на ГМП. Стандардизираниот образец ќе им помогне полесно да детектираат кои се силните или слабите страни на највработливите членови на семејствата приматели на ГМП, а со тоа побрзо и полесно да се овозможи влез на пазарот на труд и излез од системот на социјална заштита.

Социјалната реформа која Министерството за труд и социјална работа ја спроведува значи меѓуинституционална соработка, заеднички пристап кон предизвиците и изнаоѓање на најсоодветни решенија.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...