spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЗакон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути, за тргување без...

Закон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути, за тргување без ДДВ, и 0% данок на добивка и доход до крајот на 2023 година за инвеститорите

Почитувани,

Светот оди со големи чекори напред со големи чекори. Дигиталните технологии се иднината, а Македонија со Зоран Заев е заглавена во криминал и корупција. ВМРО-ДПМНЕ има концепт за развој на државата, концептот наречен – Македонија за сите луѓе, кој ќе значи повеќе пари и за граѓаните и за државата.

Моментално во светот во подем е тргувањето со криптовалути. Пазарната вредност на криптовалути денес е 2.5 трилиони долари. Тоа е многу повеќе од пазарните вредности на Фејсбук, Епл, ЈП Морган, Волмарт и други светски гиганти.

Напредните држави како САД и Германија се далеку напред во оваа област. Пеј Пал во САД овозможува срамнување на финансиски трансакции преку криптовалути. Додека пак во Германија е направен закон со кој се овозможува трговија и чување на криптовалути. Денеска повеќе од 40 банки во Германија имаат платформа преку која се овозможува трговија и чување на криптовалутите, а со тоа неколку десетици милијарди евра завршуваат во нивниот буџет годишно.

Време е да го фатиме чекорот со напредните држави.

И токму затоа ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката група во Собранието од позиција на опозиција ќе предложи закон во Собранието со кој што ќе се дозволи трговија и чување на криптовалутите во Македонија. Со тоа ќе им овозможиме на младите и на сите луѓе да инвестираат и да вложат пари и тие пари да завршат во економијата, се разбира домашната економија и да претставуваат додадена вредност на нашата економија.

Законското решение ќе опфаќа низа поволности во вид на даночни ослободувања:

  1.  Трговија со криптовалути без ДДВ;
  2.  0% данок на добивка и персонален данок на доход за тие кои што ќе тргуваат со криптовалути најмалку до крајот на 2023 година.

Со ова законско решение ќе ја формализираме трговијата и чувањето на криптовалути. Ќе внесеме сигурност во правниот промет и кај граѓаните кои веќе тргуваат со криптовалути, но не можат тоа да го сторат во Македонија. Ова законско решение и овој пристап ќе донесе најмалку половина милијарда евра во македонскиот буџет.

Да одиме кон иднината, а не пасивно да ја чекаме. Да направиме од Македонија лидер во регионот во трговија со криптовалути. Да се свртиме кон новите технологии и дигитализацијата и да креираме додадена вредност за економијата.

Ова е само прв чекор во пошироката визија на ВМРО-ДПМНЕ за дигитална револуција. Криптовалутите се  само првиот и најочигледен производ на користењето на Blockchain технологијата, или Distributed Ledger Technology, како поширок опфат (Блокчејн е една од ДЛТ технологиите).

Блокчејн технологиите носат огромни придобивки во сите сфери од организацијата на работењето на фирмите во сите сектори: ги подобруваат и прават поефикасни процесите на идентификација на клиентите, водење на набавите, складирање, продажба, водење на залихите, извршување на меѓународните плаќања итн. Фирмите стануваат поефикасни, поконкурентни. Истото се однесува и на процесите во јавните институции. Ова е иднината, а моментот за македонското општество да почне со примена на блокчејн технологиите е сега.

Време е за поинаков пристап. Време е за Македонија за сите луѓе !

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија