Во тек се градежни работи за изградба на ново детско игралиште на средсело во Никиштани. Покрај детските реквизити ќе биде поставена нова урбана опрема и јавно осветлување. Клупи и корпи за отпадоци ќе се постават и во дворот на подрачното училиште.
Претходно, општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на веќе постоечкото детското игралиште. Беше извршено бојадисување на елементите на игралиштето, а се она што е дотраено, беше заменето. Со реконструкцијата беше опфатена и оградата на игралиштето.
Примарната цел на општината е да развива вакви зони за рекреација и забава на најмалите.
Извор: Општина Ѓорче Петров