spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: ПОКАНА (За номинација на претставници во Националниот совет за реформи во...

МИОА: ПОКАНА (За номинација на претставници во Националниот совет за реформи во медиумската сфера)

Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите невладини организации, новинарски здруженија, припадници на академската заедница и поединци кои работат во областа на медиумите да поднесат писмо за номинација за претставници на Националниот совет за реформи во медиумската сфера.

Формирањето на Националниот совет за реформи во медиумската сфера има за цел да придонесе, носењето одлуки во процесот на реформи да биде поткрепен на поширока консултација со јавноста и засегнатите страни. Оваа иницијатива ќе ги обедини сите релевантни медиумски чинители во Република Северна Македонија и ќе овозможи простор отворено да се дискутира за реформите што Владата планира да ги спроведе во наредниот период, а со цел зголемување на медиумските слободи, обезбедување услови за професионално медиумско работење, основање медиумски фонд за продукција на домашни содржини и за поддршка на медиумските работници, поддршка на јавниот интерес и др.

Членови на овој совет можат да бидат истакнати лица, професионални и искусни претставници на граѓанските организации кои се особено активни во медиумската сфера, академската заедница, медиумите, државните институции, кои се подготвени посветено и професионално да придонесат за унапредување на реформските процеси во медиумската сфера во Северна Македонија.

Во тој контекст, Ве покануваме да номинирате претставник од вашата организација/институција кој ќе земe учество во советот преку испраќање на CV од кандидатот и пропратно писмо за номинација во кое ќе наведете аргументи за поддршка на предложениот кандидат.

Рокот за номинирање кандидати е 09.08.2021 година. Пријавите е потребно да се испратат електронски на cabinet@mioa.gov.mk .

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

Прочитајте

МЖСПП: Шукова – Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување...

0
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Валандово...