spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите...

МЖСПП: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите во развој

Министерот Насер Нуредини  се обрати на првата сесија од Неформалниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Љубљана, посветена на меѓународните климатски преговори и патот до COP26, при што ја презентираше зголемената национално определена амбиција за редукција на емисиите на стакленичките гасови за 51% до 2030 во споредба со 1991, односно нето редукција од 82%.

 

Притоа, Нуредини ја истакна потребата за поддршка од страна на развиените земји за постигнување на одржлив развој на помалите економии и ранливите држави како нашата, особено од аспект на постигнување на праведна енергетска транзиција, јакнење на човековите капацитети и градењето на инфраструктура.

 

На сесијата на ЕУ министрите за животна средина, на која беа поканети и земјите кандидати за членство, се разговараше за одржувањето на лидерската позиција на ЕУ во климатската акција и се преговараше за преземање на соодветните чекори за овозможување на успешна конференција на земјите членки на Рамковната Конвенција за климатски промени во Глазгов, како и конечна операционализација на Договорот од Париз.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...