spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПлатите растат единствено во главата на Заев

Платите растат единствено во главата на Заев

Платите растат единствено во главата на Заев.

Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и состојбата во економијата е навистина лоша.

Во Македонија постои фрапантна бројка на лица кои земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.

Македонија со СДСМ на власт е рекордер во регионот со падот на вработеноста во приватниот сектор и тоа го потврдува и Извештајот на Светска Банка за пролетните прогнози за земјите од Западен Балкан, каде што во државата е забележан пад од 12% наспроти регионалниот просек од 6%.

Македонија е држава со најмалку странски директни инвестиции во споредба со земјите од регионот. Албанија и Србија имаат 5 до 15 пати повеќе инвестиции од нас. Дополнително Македонија има пад на БДП од -1,9 %, а сите земји од регионот бележат раст на економијата.

Долгот надмина 7 милијарди евра, а само во време на власта на Заев е зголемен за 2,4 милијарди евра. Тоа значи дека Заев го задолжи секое семејство во просек по 4.800 евра, а патем не направи ништо, бидејќи и оваа година како и изминатите имаме катастрофално лоша реализација на капитални инвестиции. Затоа имаме состојба на 600 илјади граѓани што живеат во сиромаштија, 60 илјади нови невработени и 6.200 затворени компании за само една година.

Реалноста е дека овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните. Успеа Заев само да ги подели граѓаните на мала елита на власта која енормно се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое едвај преживува.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...