spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваАвторката Слаѓана Јакимовиќ: Со новиот учебник првачињата ќе ја засакаат математиката

Авторката Слаѓана Јакимовиќ: Со новиот учебник првачињата ќе ја засакаат математиката

Воведувањето во учењето математика на првачињата преку приказни, сказни, бајки и игри кои извираат од секојдневието на децата претставува најприроден и најубав, а воедно и најефективен начин за постигнување на дефинираните стандарди за оценување во новата наставна програма по математика, вели д-р Слаѓана Јакимовиќ која заедно со м-р Ирена Богдановска ги подготвија новите материјали за учење по математика за прво одделение.

Јакимовиќ вели дека одлика на новиот учебник се богатите илустрации и разиграните визуелни приказни на секоја од задачите кои во себе носат истовремено и широк опсег на когнитивни барања на математичките задачи.

“Наставниците и наставничките со нив ќе ги воведат најмладите математичари преку работи со конкретни материјали, преку игри, драматизации на ситуациите и нам ни беше особено важно да го овозможиме овој широк опсег, широк спектар на содржини и когнитивни нивоа на задачите за да можат наставниците да ги користат во прилагодување на истите и да ја развиваат својата визија за наставата по математика”, објаснува Јакимовиќ.

Според авторката при изработката на учебникот по математика особено важно да се вметнат содржини со кои кај учениците ќе се поттикнува и се продлабочува интересот и љубовта кон изучувањето математика и градењето позитивна слика за себе, за тоа што значи да се биде математичар и да се чувствуваат удобно во улогата на математичари истражувачи.

линк:

https://wetransfer.com/downloads/10d4296b41d055ca093a13edf590bafe20210721154742/1f87a9014bf0d39c04ebd393fe2e71d820210721154755/9a3f6f

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...