Аеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“

ОпштиниАеродром: Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелески“

Најчитано

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов“, во присуство на претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, официјално го означи почетокот на градежните работи на реконструкција и изградба на улицата „Васко Карангелески“, на потегот од булеварот „Јане Сандански“ до булеварот „Трета македонска бригада“.

Како што истакна градоначалникот Шилегов, станува збор за целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

„Денеска имаме убава вест за жителите на Аеродром што ја користат улицата „Васко Карангелески“, која наскоро ќе стане булевар и ќе добие нов и обновен лик. Општина Аеродром останува фокусирана на подобрување на патната инфраструктура, со цел поголема безбедност на пешаците и на сите учесници во сообраќајот“, изјави Цветковска.

Град Скопје и Општина Аеродром и понатаму продолжуваат да работат на развој на сообраќајната инфраструктура со цел зголемување на ефикасноста на градскиот сообраќај.

27.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе