spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Потпишан договорот за национално кофинансирање на проект „Волонтери преку граница“

Берово: Потпишан договорот за национално кофинансирање на проект „Волонтери преку граница“

Денеска градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, потпишаа договорот за национално кофинансирање на проектот „Волонтери преку граница“, кој Општина Берово почна да го имплементира заеднички со Здружение на граѓани „Заедно за Сандански“ од Република Бугарија.
Во рамките на овој проект, Општина Берово ќе набави специјално возило за спречување на природни катастрофи, со модул за гаснење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси.
Исто така, предвидена е обука за волонтерски организации, кои ќе добијат специјален тренинг за спасување од пожари и спасувачки активности, за што ќе добијат и сертификати.
Со имплементацијата на активностите од овој проект, уште еднаш се потврдува грижата на локалните власти, за унапредување на противпожарната заштита и заштитата од природни катастрофи, и убедливо вложуваме во ресурси за справување со елементарни непогоди, онака како што ветивме пред граѓаните.
Вкупната вредност на проектот изнесува 24.460.955,00 денари (397.739,11 ЕУР), од кои Општина Берово како партнер ќе добие 12.223.609,00 денари (198.757,88 ЕУР), средства обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка – ИНТЕРРЕГ како и учество со национално кофинансирање, што е задолжителен услов за користење на средства од Европската Унија.

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....