Во рамките на Програмта за реконструкција на локални патишта и улици на Општина Берово,за 2021 година, денеска се асфалтира улица ,,2” во с. Русиново.
Се асфалтира улицата во должина од 95 метри, широчина 3,5 метри, со поставување на каналети за одводнување.
Реконструкцијата на оваа улица, е од големо значење за жителите на с. Русиново, ќе се подобри пристапноста на жителите и ќе добијат соодветна инфраструктура, а со тоа ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
Средствата во износ од 589.041,00, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2021 година, во рамките на проект ,,Реконструкција на улици во с. Русиново”.
Извор: Општина Берово