Изразуваме разбирање за барањето на помалите политички партии за помал праг за локалните избори

Политички партииВМРО-ДПМНЕИзразуваме разбирање за барањето на помалите политички партии за помал праг за...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР треба да бидат дел од Изборниот законик и тука немаме дилема. ВМРО-ДПМНЕ ги разбира препораките во насока на зголемување на квалитет на избирачкиот процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес конференција.

Во однос на бројот на потписи за независни листи Мицкоски рече:

„Што се однесува до процентот утврден во Предлог изборниот законик, а кој го регулира бројот на потписи за независни листи, кои треба да се соберат изнесува 2 проценти според Предлогот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски информираше дека добро е македонската јавност да знае дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР велат дека треба да биде минимум еден процент, додавајќи дека „два проценти е поради барањето на владеачките партии“.

„Но, ние изразузавме целосно разбирање со помалите партии.  И за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо она решение кое власта заедно со нивните коалициски партнери ќе го договори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img